Охрид, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 30-годишна кариера на македонската и балканска естрада на фолк пејачот Наум Петрески ќе одржи јубилеен концерт на 22-ри април во Метрополис Арена во Скопје.
На настанот освен промоцијата на новите хитовски рефрени од албумот на Петрески, „Грло Ненапеано“, ќе бидат отпеани и многу познати легендарни македонски песни.
На славеникот ќе му оддадат признание и многу пријатели од естрадата, пејачи, актери.
Наум Петрески е роден на 7-ми декември 1966 во Охрид, а долги години живеел во струшко Мислешево.
Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал голем број на концерти ширум светот. Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“, „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“, „Оди ѕвездо“ и други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива