април 30, 2017

Охрид, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес завршува Интернационалниот фестивал “Manisa Mesir macunu” во Маниса, Турција, каде настапува охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos.

Гостувањето на охридскиот хор е на покана на меѓународниот организационен одбор на фестивалот.

Зедоа учество ансамбли и музички групи од повеќе балкански земји, потоа Литванија, Молдавија, Северен Кипар, а ќе има учесници и од Индија.

По враќањето од Турција, хористите ќе се подготвуваат за нови настапи и гостувања, во земјава, но и надвор од неа. Она што е веќе закажано е фестивалот Тетовски хорски одзиви, во месец јуни. Охридскиот хор Vox Lychnidos настапувајќи на сите позначајни свечености во градот, дава голем придонес за нивното реализирање и се наметна како значаен субјект од областа на културата во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука