Охрид, 10. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во овие жешки летни денови, продолжуваме со активности за превенција и заштита од топлотниот бран, информираат од Црвен крст Охрид.
– Волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и денес беа на фреквентните јавни места во Охрид, каде на нашите сограѓани и туристи, им делеа вода и даваа корисни совети за заштита од топлотниот бран. Акцијата ја помогнаа и маркетите „Тамаро“, уште еднаш истакнувајќи ја својата висока општествена одговорност, потенцираат од Црвен крст Охрид.
Додаваат дека продолжуваат со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран.
Препорачуваат почитување и примена на препораките за заштита од топлиот бран:
– За време на најтоплиот период од денот, од 10:00 до 17:00 часот избегнувајте напорни физички активности на сонце,
– Постојано внесувајте течности,
– Избегнувајте мрсна калорична храна и
– Носете светла лесна облека и заштитни очила и капа. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива