октомври 9, 2019

Охрид, 9. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст организира уште една хуманитарна акција за помош на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

Настанот за дружење и забава, зачинет со хуманост ќе се одржи на 11-ти и 12-ти октомври на Градскиот плоштад „Св .Климент Охридски“ во периодот од 11:00 до 16:00 часот.

– Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна,
професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција. Искористете ја оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори, но и да ги вкусите производите од ресторанот „Лихнидос“ и пијалоците на фирмата „Рондо трејд“ кои се вклучија во оваа хуманитарна акција, информираат од охридскиот Црвен крст.

Собраните средства од овој настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Јана Арсовска. (Крај)

извот: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука