февруари 16, 2017

Истанбул/Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти овој месец во Истанбул се одржа Првото Балканско првенство во сала за младинци/ки, на кое Атлетската Федерација на Македонија зеде учество со 7 атлетичари и двајца тренери.

Најдобар резултат и пласман од македонските атлетичари имаше охриѓанката Мартина Мироска, која за жал остана без медал, информираат од АФМ. Нејзиниот резултат во скок во далечина беше 5,61.

Уште еден спортски настан ќе се случува во Истанбул. Македонската атлетска репрезентација која по завршување на подготовките во сала во Добрич, Бугарија, заминаа на силен Меѓународен митинг во Истанбул. Нашите репрезентативци ќе ги одмерат силите со атлетичари од 20 држави од цел свет.

На митингот во дисциплината Скок во далечина ќе учествува и охриѓанецот Славчо Мирчевски. Охриѓанката Мартина Мироска ќе се натпреварува на 60 метри, заедно со останатите македонски атлетичари Сашко Голубиќ, Александар Таневски, Дрита Исљами и Валбона Селими. (крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука