Охрид, 26. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарките на АК „Охрид“ се покажаа најуспешни во Купот на Македонија во младинска конкуренција, што минатиот викенд се одржа во Охрид.
Со вкупен скор од 43 бодови, тие зад себе ги оставија претставничките на клубовите „Лирија“ и „Работнички“.
Боите на Охрид ги бранеа Мартина Мироска, Марија Јованоска Искра Маџоска и Стефанија Ристеска, кои успеаа да го освојат златниот медал во женска конкуренција, а во севкупниот пласман завршија како третопласирани.
Инаку, АК „Охрид“ годинава одбележува јубилеј, 40 години од своето постоење. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: fb
Прочитано: 41