Охрид, 28. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието на Општина Охрид, ги известуваат граѓаните кои во изминатите денови ги пријавуваа штетите од ниските температури проследени со слана и мраз кои ја зафатија Општина Охрид, истите да ги пријават и до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ниските температури го зафатија охридскиот регион и останатите делови на Македонија на 21-ви овој месец. Нанесена е материјална штета на имотите и земјоделските насади. Краен рок за поднесување на барања е 10 мај.
Земјоделците кои претходно своите барања ги доставија до Општина Охрид – Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди потребно е повторно да достават барања и до подраќното министерство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива