Свети Николе, 14. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид, повторно меѓу најдобрите, овојпат на Државниот извиднички ориентационен натпревар – ДИОН, што во организација на Сојузот на извидници на Македонија се одржа во Свети Николе.
Учествуваа со две екипи. Во категоријата „развигорци“ од 7 до 11 годишна возраст нашите извидници го освоија првото место и уште еднаш успешно го претставија и одбранија боите на Охрид на државно ниво.
Натпреварот се одржа на повеќе локации во Општина Свети Николе. Повеќе од 100 извидници од целата држава имаа викенд исполнет со многу предизвици. По изминати 50-тина километри марш, 2 ноќи поминати во шатори, успешно подигнат бивак, пронајдени 16 контролни точки, исцртани 100-тина скици, итенирери, кроки, профили и уште многу успешно реализирани задачи, извидниците ги покажаа своите стекнати вештини. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива