мај 13, 2018

Охрид, 13. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од бројните активности за чистење на Охрид во пресрет на туристичката сезона, членовите на Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид денес ќе одржат акција за чистење на дното на Охридското Езеро од цврст отпад.

– 1,2 милијарди луѓе во светот немаат пристап до здрава вода за пиење. Охридското Езеро е најголем басен на питка вода во Југоисточна Европа. Покажете ја вашата љубов и грижа за него. Без вода нема живот, порачуваат од клубот.

Акцијата е поддржана од Општина Охрид и ќе започне во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука