Охрид, 7. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид, заедно со членови на дпд друштва и останати инволвирани деновиве води тешка секојдневна битка со пожарите во околината на Охрид.
Во текот на денешниот ден, од раните утрински часови се дејствуваше на потегот кај Илинска Планина, над селото Брежани, каде се правеа појаси се со цел да се стави тој дел под контрола.
– Во попладневните часови се водеше уште една битка каде пожарникарите, заедно со Ренџерите од НП „Галичица“, ПСС Охрид со хеликоптер беа пренесени на тешко пристапниот терен на Галичица, каде и покрај силниот ветер се вложуваат напори пожарот да се стави по контрола. Кога ќе се смири состојбата со пожарите ТППЕ Охрид ќе поведе дисциплински постапки за тие пожарникари кои на било кој начин не се одзвале на повиците за помош и очигледно заборавиле за што се платени, информираат од ТППЕ Охрид.
Додаваат дека сите оние храбри пожарникари кои гинат по планините секојдневно, ќе бидат соодветно наградени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид