Охрид, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Нови фотографии на кои се гледаат охридските птици во нивниот природен амбиент, Охридското Езеро и крајбрежјето, направи нашата сограѓанка Лидија Стефановска, која се занимава со уметничка фотографија.
Стефановска љубовта кон уметничката фотографија ја пренесува преку неколку различни циклуси, кои редовно ги збогатува со нов и свеж материјал. Овој пат нејзините нови фотографии во циклусот „Птици“, ги имаат „уловено“ едни од најрепрезентативните птици во Охридското Езеро, лебедите, но и останатите видови кои живеат во овој еко-систем.
Стефановска е поет и уметнички фотограф. Член е на литературниот клуб „Григор Прличев“ Охрид. Со уметничка фотографија се занимава неколку години. Фотографската уметност на Стефановска е класифицирана во неколку циклуси, „Облаци“, „Цвеќиња“, „Охрид“ … (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Лидија Стефановска