Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските пчелари се жалат дека ова ќе биде катастрофална година за нив, приносите на мед ќе бидат многу мали.
Пчеларите се соочуваат со променливи временски услови кои не одат во прилог на медарството.
– Причината за тоа што годинава медните приноси ќе бидат намалени е што зимата имавме многу ниски температури, пролетта беше сушна, а и кон крајот на април се соочивме со многу ниски температури, рече претседателот охридското здружение на пчелари, Тони Јосифоски.
Тој истакна дека на годинашното издание на манифестацијата „Денови на мед“ што синоќа беше свечено отворена, изложуваат дел од резервите на мед.
Јосифоски потенцира дека во најскоро време ќе се свика координативен состанок на кој покрај пчеларите, ќе присуствуваат претседателот на пчеларскиот сојуз на Македонија, како и претставници на минстерството за земјоделство. Пчеларите пред надлежните ќе ги изнесат проблемите со кои се соочуваат, по што очекуваат нивна помош. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива