Охрид, 31. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на навивачката група „Рибари“ од Охрид денеска, шеста година по ред ја спроведоа традиционалната новогодишна хуманитарна акција.
Во центарот на Охрид поделија новогодишни пакетчиња на бројни деца кои шетаа со своите родители.
– Традиционално како и секоја година, по повод новогодишните и Божикните празници, денеска во центарот на Охрид беа доделени новогодишни пакетчиња на најмладите, порачаа охридските „Рибари“ на нивниот официјален профил на Facebook. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: НГ „Рибари“
Прочитано: 68