Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Околу стотина ученици од средното техничко училиште „Св. Наум Охридскки“, средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ и од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“, се собраа на градскиот плоштад.
Носејќи го државното знаме, скандираа дека се за зачувување на унитарниот карактер на државата и за поддршка на политиката на претседателот Ѓорге Иванов. Учениците велат дека ги напуштиле училиштата за да се приклучат кон барањата да не се воведе двојазичност во земјава и да се зачува унитарноста на државата. (Крај)
извор: Мета фото: МИА
Прочитано: 22