февруари 20, 2017

Скопје/Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Компанијата „Коузон“ велат дека студентите од Економскиот факултет во Скопје и од ФИНКИ се најбројните меѓу пријавените за летна работа во Америка, додека најмал интерес за ваквата програма покажале студентите од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Компанијата „Коузон“ е една од првите специјализирани компании во Македонија која на македонските студенти им нуди можност неколку месеци во лето да работат во САД преку програмата Work & Travel.

Оваа програма секоја година привлекува голем број студенти, така што се очекува дека до завршувањето на пријавувањео повеќе од 2.000 студенти од земјава да си обезбедат патување и работа во САД во текот на летото. Пријавувањето за оваа сезона почна во октомври 2016 година,а ќе трае до крајот на месецов.

Македонските студенти се најзаинтересирани за работните места кои се нудат на Источниот брег, односно за тие во околината на Бостон и Њу Џерси.

Заинтересираните за програмата Work & Travel може да аплицираат преку „Коузон“ до крајот на февруари. Работата се добива по успешно поминато интервју на студентот со менаџерите за вработување од американските компании преку скајп или лично интервју во Македонија. (Крај)

извор: Факултети фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука