Охрид, 3. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Традицијата на организирана прослава на Денот на жената, 8-ми Март не се напушта, покажуваат многубројните понуди од хотелите на охридската ривиера.
Дел од хотелите, искористувајќи го празничниот викенд, нудат дури и дводневни, но и тридневни аранжмани за припадничките на понежниот пол.
– Дојдете прославете го празникот на жената во одлична атмосфера, сосема реновиран ресторант, веќе докажано одлично мени и забава на ниво, повикуваат од Хотел „Амбасадор“ Охрид.
Хотел „Royal View“, пак годинава нуди поразлично мени, а во склоп на постите, за припадничките на православната вероисповест, од овој хотел за прославата на 8-ми Март нудат специјално гурманско посно мени.
За музиката во хотел „Силекс“ годинава за Денот на жената ќе се погрижат членовите на фолк групата Биоритам. Главната прослава во хотел „Силекс“ е на 7-ми март. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива