март 29, 2017

Охрид/Прилеп, 29. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Прилеп се одржа Државното првенство во бразилско џиу џицу.

На ова првенство најдобар во екипниот дел беше клубот „Стронгест рутс“ БЏЏ од Скопје.

Но спортистите од Охрид исто така покажаа одлични резултати во повеќе категории.

Во екипно натпреварување клубот „Стронгест рутс“ БЏЏ Охрид со 43 поени го освои 2-то место.

Во категоријата деца до 14 години, охриѓаните Едвуд Демировски, Христијан Маркоски и Христијан Чолески освоија 3-то место.

Кај девојчињата до 14 години Викторија Славковска од Охрид освои 4-то место.

Никола Протуѓеров од клубот „Д’Стронгест Рутс“ БЏЏ Охрид беше најдобар во категоријата машки до 18 години, од 81,5 до 86,5 килограми. Потоа Никола Стојкоски од Охрид во категоријата машки од 73,5 до 79,5 килограми, го освои 3-то место.

Првата и втората позиција во категоријата машки од 79,5 до 85,5 килограми им припадна на охриѓаните Илија Аврамовски и Мирче Вељаноски.

Охридските спортисти се истакнаа и во категоријата машки над 97,5 килограми, каде триумфираа Игор Михали и Стефан Костоски, додека Христијан Ристовски беше трет во категоријата од 85,5 до 97,5 килограми.

Во категоријата напредни појаси Ненад Ристевски и Илија Спасески од клубот „Д’Стронгест Рутс“ БЏЏ Охрид освоија второ и трето место. (Крај)

извор: ОхридПрес/The Strongest Roots Ohrid фото: Маркукуле.мк

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука