јануари 4, 2017

Скопје/Охрид, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Излезе од печат првиот број на списанието „Издаваштво“, во кој е објавен текстот „Чудесна шестјазична светска премиера на македонската литература“ од охридскиот поет и публицист Бранко Цветкоски.

Објавен е и освртот на охридскиот писател проф. д-р Димитар Пандев за „Прирачникот за универзална децимална класификација“.

Член на редакцијата на списанието е и охридскиот поет Милош Линдро.

Списанието го објавува Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, излегува еден број годишно и во него се претставени најрепрезентативните и најмаркантните публикации, едиции, издавачки проекти и манифестации поврзани со книгата и издаваштвото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука