Истанбул/Охрид, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На Балканското првенство во сала за атлетика, кое утре ќе се одржи во Истанбул, Турција, ќе се натпреваруваат двајца атлетичари од Охрид.
Во категоријата жени ќе се натпреварува охриѓанката Мартина Мироска, додека во категоријата мажи, младиот охриѓанец Славчо Мирчевски.
За престојното Балканско првенство во сала, Атлетската федерација на Македонија ќе учествува со 11 атлетичари и 3 тренери од неколку градови од Македонија. Меѓу тренерите е и охридскиот професор Влатко Димитров.
Охриѓаните Мироска и Мирчевски вчера на Меѓународниот митинг во сала Куп Истанбул, постигнаа значајни резултати. Мирчевски во дисциплината скок во далечина го освои 7-то место, додека Мироска во дисциплината скок во далечина го освои 5-то место. Во текот на утрешниот ден ги очекува ново натпреварување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива