Скопје/Охрид, 28. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Четворица бармени од Охрид учествуваат на 10-то првенство на бармени во Македонија.
Натпреварот се одржува денес во хотелот Мериот во Скопје.
Од Здружението на бармени, кое е организатор на настанот, не информираа дека оваа година, на јубилејното 10-то издание има пријавено околу 30 учесници.
Бармените како и изминативе години, ќе се натпреваруваат во две категории, класична подготовка на коктели и „флертендинг“ што подразбира жонглерски акробации со барската опрема.
Оној што ќе ја освои титулата најдобар, ќе ги брани боите на Македонија на Светското првенство на бармени во Копенхаген, Данска.
Во рамки на првенството, ќе се одржат и два семинари, со врвни предавачи од оваа област. Во Скопје ќе бидат Ники Неиков од Бугарија и Мате Ксатлос од Данска. Ќе бидат презентирани нови коктели со Ketel One вотка, Bulleit бурбон и Angostura рум.
Со тоа, покрај натпреварувачкиот дел, учесниците и присутните ќе имат можност да запознаат нови техники на подготвување на коктели и нови комбинации на вкусови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива