Охридски боксери од клубот „Алексо Огненоски“ учествуваат на Меѓународниот турнир „Златна ракавица” во Србија
декември 13, 2024

Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските боксери Наум Стојаноски и Енис Алиу од клубот „Алексо Огненоски“ се меѓу македонските натпреварувачи кои учествуваат на 67. Меѓународниот турнир „Златна ракавица” во Ниш, Србија.

Стојаноски во категоријата младинци денеска ја има полуфиналната борба, а противник ќе му биде Димитрије Лукиќ од Србија, додека полуфиналната борба за Алиу е утре.

На турнирот ќе настапат 100 боксери во машка и женска конкуренција од 10 држави. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука