Охрид, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Следејќи ги препораките кои ги донесе македонската Влада за справување со Корона вирусот, линијата од Охрид кон и од Скопје и Битола времено ќе биде редуцирана, информираат од охридски „Галеб“.
– Од утре, 14-ти март, нема да се одржуваат следните линии: во 07:30, 12:45 и 19:00 часот од Охрид кон Скопје, во 08:00, 12:00 и 16:30 часот од Скопје кон Охрид. Во 08:15 и 13:15 часот од Охрид кон Битола и во 10:30 и 16:00 часот од Битола кон Охрид. Се надеваме дека нашите патници ќе покажат разбирање за овие непопуларни мерки кои мораа да бидат превземени, информираат од компанијата.
Поради истите причини, претходно и линијата за и од Германија времено беше ставена во мирување. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 36