Охрид, 12. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Супер радио распишува Конкурс за идејно решение за санација и уредување на малото пристаниште во Охрид или т.н „Островче“.
– Ги повикуваме сите архитекти од Охрид и пошироко, со посебен акцент на помладите да вложат напор, знаење и многу љубов во овој проект. Старите фотографии откриваат како изгледало ова место некогаш, тука се и спомените на постарите охриѓани. Нацртајте како според Вас треба да изгледа ова место, базирано на традицијата, но секако да биде подготвено за новите времиња. Ќе издвоиме 10.000 денари за најдобриот предлог, кој подоцна ќе биде испратен како наш заеднички предлог до надлежните институции, заедно со радиските емисии и видео емисијата, кои ќе се подготват во насока на максимална поддршка на проектот, информираат од Супер радио.
Додаваат дека конкурсот е отворен 10 дена, до 22-ри октомври и дека сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат на телефонот 046/260-078.
Предлозите да се испраќаат на e mail адресата: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес