Охрид, 9. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија Жито Леб целиот промет од сите нивни пекари остварен во текот на денешниот ден, 9-ти октомври, ќе го донира за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Бојана Бонеска.
– Донираме ние, донирај и ти за Бојана, порачуваат од Жито Леб.
Како толку пати претходно, охриѓани ја докажуваат хуманоста и со бројни акции и иницијативи собираат средства за помош на сограѓанката Бојана, на која пред девет месеци и’ е дијагностициран Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma.
Донација може да се направи и преку телефонските броеви: А1 143-450 и Телеком 143-122 (100 денари од повик), како и на сметките за донација:
денарска сметка: 200003057020079 MKD
IBAN: МК07200004151704073 AUD
IBAN: МК07200004151699514 EUR
IBAN: МК07200004151698059 SCF
IBAN: МК07200004157877153 USD
Стопанска банка АД Скопје, шифра 562, корисничко име Бојана Танеска Бонеска, цел на дознака: донација за лекување во странство.
Сите кои се во можност можат да донираат и преку GoFundMe. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива