Охридски компании и годинава дел од Wedding Expo25 – Саем за венчавки
јануари 13, 2025

Скопје/Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија, во петок, на 21-ви февруари 2025 година ќе се отвори традиционалниот Саем за Венчавки „Wedding Expo25“.

Ова ќе биде 13-то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 21-ви февруари во 18:00 часот. а ќе трае до недела, 23-ти февруари, до 18:00 часот. На настанот ќе земат учество голем број изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Oваа година саемот ќе биде најбогат досега, со најдобрите во сите сфери на свадбената индустрија.

Венчаници, машки костуми и накит

Освен најдобрите домашни дизајнери и модни куќи на саемот учество земаат и реномирани светски дизајнери на венчаници како брендовите Моника Лорети, Берта, Кристал, Анџела Бјанка, Дион, Ману Гарсија и др. Над 1.000 нови модели на венчаници кои ќе ви бидат на располагање за проба и присуство на самите дизајнери кои со свои совети ќе ви помогнат да ја изберете вистинската венчаница. Најдобрите македонски брендови за машки костуми и обувки се исто така дел од саемот, но и најреномираните брендови за свадбен накит и бурми.

– Идните младенци со своите најблиски кои ќе одберат да не посетат во петок освен што ќе можат неколку часа да прошетаат по саемските хали (2.500 м2) ќе имаат и исклучителна и ексклузивна можност да уживаат во традиционалната модна ревија „Познатите во венчаници и костуми”. Ревијата ќе започне околу 20:45 часот, а на неа ќе земат учество 30-тина познати личности од македонската естрада како модели за венчаници, накит и костуми. Секако посетителите ќе уживаат и во богатата музичка и забавна програма која организаторот ја подготви за вас. Водител и домаќин на настанот оваа година е супер шармантната Снеже Велков. Во сабота, на 22-ри февруари Саемот се отвора во 09:30 часот до 20:00 часот. На програмата во сабота имаме неколку индивидуални ревии, музички настапи, лотарија, презентации и промоции. На големата сцена ќе има и приказ и проба за свадбена шминка. Во недела, на 23-ти февруари самемот се отвора во 09:30 и ќе трае до 18:00 часот. Во недела исто така имаме богата програма со неколку ревии, музички бендови, лотарија за пријавените идни невести како и доделување на статуетки за најдобрите изложувачи на саемот. Саемот завршува во 18:00 часот, информираат организаторите.

Влезниците за посетителите се купуваат на самиот влез на хотелот „Александар Палас“ и ќе чинат 200 денари. Истите ќе бидат достапни и online на платформатa mktickets. Не е потребна никаква резервација или пак најава за присуство. Со купена карта идните невести и младоженци добиваат од нас ексклузивен саемски каталог со планер на венчавката.

– Без лажна скромност македонскиот Wedding Expo-Саем за венчавки важи за еден од најдобрите и најпосетувани саеми на Балканот. Токму поради тоа земете ги вашите старосватици, куми, родители и посетете не, ќе има богат избор за сите и секако прекрасна забава, додаваат од Wedding Expo.

Супер радио и OhridPress и годинава се медиумски партнери на настанот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука