март 21, 2018

Охрид, 21. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Ј.П „Охридски комуналец“ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).

Засадени се вкупно 50 садници на повеќе локации – покрај пешачката патека пред хотелот „Палас“, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.

cres

Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена боја. Погодна е за климатските услови во охридскиот крај и отпорна  на ниски температури, информираат од „Охридски комуналец“. (Крај)

извор/фото: Охридски комуналец

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука