Охрид, 23. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – За мене Охрид е мојот дом, мојата радост, среќа, мојот живот. Градот си има свој печат, свое значење… Авантуризмот, хедонизмот во Охрид, можат да го почувствуваат само луѓе кои знаат и умеат да живеат, вели Сузана Наумоска во интервјуто кое е дел од мартовското издание на „Охридските приказни“ во „Форт кафе“.
Таа додава дека допирот на телото е допир на душата, и дека допирот на Охрид останува трајно во сеќавањата.
– Охрид е природен велнес центар, потенцира Наумоска.
Зад неа се 30 години успешна женска претприемачка приказна. Претседателка на Советот на жени претприемачи, координатор на национална платформа на југозападен регион за женско претприемништво, претседателка на кластер ТК-1 за туризам и 25 години едукатор и практичен обучувач во дуалното образование.
Со неа разговараме и за тоа каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме СИТЕ и СИТЕ сме Охрид.
– Време е за нова доза „Охридски приказни“, сега со Сузана Наумоска, жена во претприемништвото. Дружбата е закажана за вечерва, четврток, 23-ти март 2023 година, од 19:00 часот. З‘ш Охрид е градска приказна, потенцираат од „Форт Кафе“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива