февруари 15, 2017

Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, таеквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец, изминатите денови организираше технички семинар со професорот Сениор Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).

Професорот Ким Унг Чол ги презентираше таеквондо техниките пред членовите на клубот од Охрид. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија.

tehnickiseminar2

– Одржавме технички семинар за таеквондо итф со професор Сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои го носат тоа звање Сениор Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Професорот несебично ни го пренесе неговото искуство кое ќе ни биде потребно за натпреварувањата кои ни престојат оваа година, истакна Лазарески.

Семинарот беше дводневен. Таеквондистите ги усовршуваа своите техники, а исто така полагаа за црни појаси пред угледниот професор.

Македонија од овој семинар излезе со нови носители на црни појаси:

Зоран Донев- црн појас, втор дан
Филип Јосифоски- црн појас, втор дан
Ангела Јовческа- црн појас, втор дан
Кирил Симоноски- црн појас, прв дан
Тамара Велјаноска- црн појас, прв дан

tehnickiseminar3

Со овој настан таеквондистите од Лескоец и официјално ги започнаа своите активности за 2017 година. Од клубот уште еднаш упатуваат голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал кој и овој пат беше најзаслужен за организирањето на овој престижен настан. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Павел Коталески

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука