Кичево/Охрид, 17. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот натпревар „Пионерски семафор-2017“ за училиштата од југозападниот дел на Македонија се одржа на отвореното игралиште од ОУ „Реџо Рушит Зајази“.
Охридските ученици од неколку училишта постигнаа одлични резултати на овој натпревар.
Во помалата категорија првото место го освои Мартин Димитриевски од ОУ „Кочо Рацин“-Охрид, а четвртото место го освои Христина Вељановска од истото училиште од Охрид.
Во генерален пласман првото место го освои екипата на Кичево, додека второто место и припадна на екипата на Охрид.
Најдобро пласираните шест ученици во двете категории, ќе земат учество на Републичкиот натпревар „Пионерски семафор-2017“ што оваа сабота ќе се одржи во Скопје. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива