Охрид/Скопје, 02.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од Охрид учествуваа и се едуцираа за развивање на менталните квалитети и капацитети кај децата, во рамките на натпреварот организиран од „Браинобраин“, кој викендов се одржа во Скопје.
Покрај децата од Охрид, учествуваа и ученици од Битола, Струмица, Штип, Кочани, Велес, Крива Паланка, Куманово, Гостивар и Тетово.
Центарот Бреинобреин-Црвен крст Охрид го претставуваа 50 ученици кои се натпреваруваа во 9 категории и покажаа исклучителен успех, со освојување на 21 трофеј, 18 златни медаљи и 9 сребрени медаљи.
Моментално повеќе од 700 деца вклучени во процесот на едукација преку „Браинобраин“ програмата која е систематизирана и унифицирана, а се базира на Абакус менталната аритметика и НЛП (наука за процесот на мислењето).
Покрај меѓусебното дружење, по натпреварот децата – учесници уживаа во културно –забавните активности, театарската престава „Свињарот“, одиграна од страна на Охридски народен театар базирана на приказна од Х.К. Андерсен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива