Охрид, 24. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со свеченост во хотелот „Инекс Горица“ и со програма на отворено во центарот на градот, вечерва започнува 10-то јубилејно издание на Охридскиот хорски фестивал.
Годинава фестивалот ќе трае до 28-ми август, а ќе учествуваат 26 хорови од десет европски земји.
Традиционално, фестивалот и овој пат ќе има ревијален и натпреварувачки дел, поделен во неколку категории.
Пријавените хорови ќе се претстават на натпреварувачките концерти, концертите на духовна, поп и фолк музика, не информира професорот Александар Димоски, претседател на организацискиот одбор на Охридскиот хорски фестивал.
Концертите ќе се одржуваат во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Горица“ и католичката црква Св. Кирил и Методиј.
Во натпреварувачкиот дел, хоровите ќе ги оценува стручна жири комисија, во којачленуваат Алицја Шелуга од Полска, Аљоша Новаковиќ од БиХ, Запро Запров од Македонија, Јасенка Остојиќ од Хрватска и Илија Рајковиќ од Србија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid Choir Festival