Мадрид/Охрид, 24. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот тур оператор DMC Balkans е дел од претставниците на приватниот сектор кои ќе ја презентираат туристичката програма на FITUR 2024 во Мадрид, Шпанија.
Во периодот од 24-ти до 28-ми јануари 2024 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), заедно со шест туроператори од Република Македонија ги претставуваат македонските туристички потенцијали на FITUR 2024 во Мадрид, Шпанија.
– На нашиот штанд, туристички програми презентираат претставниците од приватниот сектор: MacSun-Travel Skopje, Time to Travel, DMC Balkans Travel & Events, Experience Balkan, ABC Rent a Car Tours и WishCo DMC, информираат од АППТ.
Додаваат дека фокус на македонската туристичка индустрија е шпанскиот туристички пазар, кој ја поддржува иницијативата за отварање на нова авионска линија Скопје-Мадрид и не треба да се занемари и фактот дека интересот на шпанските туристи за македонските дестинации е со забележителен раст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: АППТ