Охрид, 13. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со победата над Димитрије Лукиќ од Србија во категоријата младинци, охридскиoт боксер Наум Стојаноски се пласира во финалето на 67. Меѓународен турнир „Златна ракавица”, во Ниш, Република Србија.
Покрај Стојаноски, меѓу македонските натпреварувачи е и Енис Алиу, двајцата членови на клубот „Алексо Огненоски“ од Охрид. Полуфиналната борба за Алиу е утре.
На турнирот ќе настапат 100 боксери во машка и женска конкуренција од 10 држави. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 8