Охрид, 27. април 2022 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро го достигна просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,59 м.н.в, што е просек за април (693,59 м.н.в), односно 49 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода порасна на 7 степени и е за 3,4 степени пониска во однос на месечниот просек.
Од почетокот на месецов во континуитет расте езерското ниво досега е покачено за цели 18 сантиметри.
Во Охрид денес сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.
– Утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер. Услови за краткотраен локален дожд ќе има во петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР