август 15, 2019

Охрид, 15. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Езеро денес е на кота од 693,45 метри надморска височина, односно 11 сантиметри над просекот за месец август од 693,34 метри.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, температурата на водата во езерото, измерена утрово во 13:30 часот беше 25. степени.

No photo description available.

Метеоролозите за денес најавуваат сончево време со услови за локално наоблачување и можност за локални врнежи од дожд и грмежи. УВ индексот има вредност 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 27. степени.

– Денес ќе биде променливо облачно, значително посвежо и ветровито со умерен до засилен северен ветер, а ќе има и локални врнежи од дожд и грмежи. Утре се’ уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време со постепен пораст на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука