мај 14, 2018

Охрид, 14. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро денес е на кота од 694,01 метри надморска височина, односно 26 сантиметри над максималната граница од 693,75 метри.

Според податоците на УХМР од крајот на минатиот месец, нивото на езерската вода беше на котата од 693,95 м.н.в, односно 20 сантиметри над максималната граница, што значи сега е покачено за шест сантиметри.

Колку се големи разликите во водостојот во Охридското Езеро, доволно покажуваат и фотографиите од архивата на OhridPress и Супер радио. Погледнете како изгледаше првата линија на езерото во јануари минатата година.

vodostojdekemvri2vodostojjanuari1vodostojjanuari2Метеоролозите за денес најавуваат променливо облачно време , попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. УВ индексот ќе биде 6, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.

– В среда во раните утрински часови се` уште се можни слаби врнежи од дожд, но во текот на денот на денот се очекува постепено стабилизирање на временската состојба, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука