Охрид, 23. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хидрометеоролозите месецов бележат чести осцилации на нивото на водата во Охридското Езеро.
– Утрово измереното ниво на водата во Охридското Езеро е пониско за 13 сантиметри. Денешната измерена температура на водата е 6 степени. Ова мерење е спроведено на 50 сантиметри под површината, што значи во подлабоките делови, температурата варира, велат од сектор за хидрологија при Управата за хидро метеоролошки работи.
Во текот на вчерашниот ден, пак, нивото на водата во езерото се наоѓало 14 сантиметри подолу од минималната кота.
Граѓаните кои минуваат покрај кејот коментираат дека нивото на водата во езерото е многу намалено и покрај дождовите и снеговите кои ги имаше во изминатиот период. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива