Охрид, 14. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е за 16 сантиметри под просекот за овој период од годината.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) водата е на кота од 693,22 м.н.в што е за 16 сантиметри под просекот за јануари (693,38 м.н.в) и 12 над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).
Температурата на езерската вода е 9 степени, што е за 2. сантиметри над просекот за јануари.
Во Охрид денес променливо облачно време со услови со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
– Следува период на променливо облачно време, до понеделник повремено со услови за појава на утринска магла по котлините. Утре ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер, температурите ќе бидат во пораст и ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР