Охрид, 20. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро се подобрува и сега е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 5 сантиметри над просекот за декември (693,32 м.н.в) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри. Температурата на водата е 9 степени и е за речиси 4 степени пониска од просечната.
Во Охрид денес сончево време со умерена облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10. степени.
– Утре и во сабота ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. Под влијание на влажен бран во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во североисточните делови во петок кон крајот на денот, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР