Охрид, 9. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро се подобрува и е на четири сантиметри над просекот за овој период од годината.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), езерото е на кота од 693,39 м.н.в, што е за 4 сантиметри над просекот за јануари (693,35 м.н.в) и 29 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Од почетокот на годинава езерското ниво порасна за два сантиметри. Температурата на водата е 8 степени и е за повеќе од степен повисока од просечната.
Во Охрид денес променливо облачно и студено време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.
– Во текот на неделава времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури. Денес и во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес