октомври 14, 2019

Охрид, 14. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври.

Според денешните мерења на УХМР Езерото е на котата од 693,24 метри надморска височина и на ова ниво е во изминативе седум дена.

Ова е за седум сантиметри над нултата кота, а за девет сантиметри под просекот за тековниот месец што изнесува 693,33 м.н.в.

Сезоната продолжува, повторно октомвриско капење во Охрид (Фото)

Измерената температура на водата во Охридското Езеро е 18 степени, што беше доволно најхрабрите викендов да се искапат во езерските води. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: УХМР/ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука