Охрид, 28. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Видно е намалено нивото на водата во Охридското Езеро.
Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,28 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за септември (693,33 м.н.в). Температурата на езерската вода е 19 степени.
Во Охрид денеска сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.
– Следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Утре и во сабота попладне ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР