Охрид, 18. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро веќе трет ден е на минимално дозволената кота од 693,10 м.н.в.
Нивото подолг период наназад е во константен пад, само од почетокот на месецов досега е намалено за 4 сантиметри и моментално е на 19 сантиметри под месечниот просек (693,29 м.н.в).
На езерото по кејот „му се бројат коските“, а и од Билјанините извори, една од најпрепознатливите локации во градот под Самуиловата тврдина повеќе од еден месец не тече вода. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР
Прочитано: 106