јуни 18, 2017

Охрид, 18. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице се удави во водите на Охридското Езеро, денес, нешто по 18:00 часот.

Охридската О2 телевизија јави неофицијално дека станува збор за машко лице на возрст од околу 60 години, кое се удавило кај месноста викана „Сараиште“. Неговото безживотно тело на околу  метри од брегот го забележале посетителите на плажата.

СВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот и извршиле увид.

Само неколку стотини метри од местото каде се случи инцидентот, тимот спасители на вода на охридскиот Црвен крст, токму денес имаше показна вежба на извлекување давеници, укажување прва помош и реанимација. (Крај)

извор: О2 телевизија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука