Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридското езеро денеска ќе биде порибено со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.
Подмладокот го одгледува Хидробиолошкиот завод во Охрид, а според експертите и сто илјади единки пастрмка што би преживеале се сосема доволни за природниот прираст на овој вид риба.
Како проблем го наведуваат неконтролираниот излов на риба од албанската страна на езерото, каде сеуште нема закон за рибарство и концесионер кој би се грожел за рибниот фонд.
Порибувањето ќе се спроведе на неколку локации и тоа во Пештани, Трпејца и Вир кај Охрид и Калишта и Радожда кај Струга.
На порибувањето ќе присуствува министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30