јануари 27, 2017

Охрид, 27. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По 10-ти пат организирано Здружението на србите во Охрид „Коштана“ го одбележа православниот верски празник, посветен на српскиот светец Свети Сава.

Претседателот на „Коштана“, Среќко Стојановиќ вели дека Здружението брои од 100 до 120 луѓе, кои доаѓаат секоја година на организираната прослава, додека во Охрид припадници на Српската заедница, има околу 500 луѓе. Прославата секоја година е во духот на самиот празник.

sreckostojanovic

– Свети Сава е многу голем светец, значаен за нас Србите, затоа што е прв просветител во Србија, изградил прва црква и основал прва Архиепископија во Србија. Изградил многу цркви, училишта, манастири, бил многу благороден, праведен и силен свештеник и ние го одбравме како светец на нашето здружение. Принесуваме колач, пченица и сè друго што приготвуваат домаќинките, објаснува Стојановиќ.

svetisava2

Црковниот обред го служеше отец Сашо Ристески, кој посака Свети Сава, како православен светител, да е молитвеник пред Бога за сите православни верници. Обичаите со осветувањето на лебот и пченицата, во суштина е иста кај сите православни верници.

otecristeski

– Се надевам дека и во иднина ќе продолжи соработката меѓу српското здружение и Македонската православна црква. Со тоа што тие за оваа слава бараат свештеник од Македонската православна црква, искажуваат дека ја почитуваат и нашата црква и нашата држава, како и градот во кој живеат, додаде отец Ристески, парох при храм Свети Никола, Долна Влашка Маала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука