Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридското пристаниште секојдневно е во се’ полоша состојба и се’ потешко му одолева на забот на времето.
Неодамна падна поголем дел во близина на пешачката зона, а забележителни се и оштетувањата кон поранешната Библиотека, на потегот пред „Чун“ и „Александрија“. За жал, многу малку е направено за санација на оштетувањата, а одговорните истото го правдаат со поголемите зафати кои се најавени со санацијата на Градскиот кеј, која никако да започне.
Фотографијата е на Нуркачкиот центар „Акватек“, на потегот каде во текот на летните месеци се спуштаат во вода поголемите пловни објекти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Акватек
Прочитано: 47