Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Според денешните мерења на УХМР, нивото на водата во Охридското Eзеро е на котата од 693,24 метри надморска височина.
Овој водостој е за 7 сантиметри над нултата кота (693,17 м.н.в) и 8 сантиметри понизок од просекот за месец октомври (693,33 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 16,5 степени.
Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 19. степени.
– Денес ќе се задржи претежно сончево време, а во среда облачноста ќе се зголемува. Промена на временската состојба со значително опаѓање на дневната температура ќе има во четврток и во наредните денови, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР/ОхридПрес фото: ОхридПрес