септември 30, 2019

Охрид, 30. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Според денешните мерења на УХМР, нивото на водата во Охридското Eзеро е на котата од 693,29 метри надморска височина.

Овој водостој е за 12 сантиметри над нултата кота (693,17 м.н.в) и 4 сантиметри понизок од просекот за месец септември (693,33 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово во 07:30 часот е 20 степени.

Image may contain: text

Времето денес ќе биде претежно сончево и топло време. Maксималната температура во Охрид ќе се искачи до 24. степени.

– До среда ќе се задржи сончево и топло време со релативно високи дневни температури. Во четврток во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, особено во петок, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука