Охрид, 13. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охрид утринава осамна под мала, но импресивна за поглед и уживање, снежна покривка, како резултат на студениот бран кој ја зафати земјава, што не е невообичаено за непредвидливата „Баба Марта“.
Врнежите со умерен интензитет престанаа после 07:00 часот утрово, на коловозите е веќе растопен, но затоа го има со дебелина од десетина сантиметри, на околните возвишенија околу градот.
Особено се заоблени снежните врвови на Галичица, како и Јабланица во Струшко, кои се под дебела снежна покривка.
Снег наврна ноќеска и во соседен Поградец во Албанија.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни, а дневните од среда ќе бележат постепен пораст, информираат од УХМР Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес